сабота, јануари 17, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Америка воведува царини до 3521% на соларни панели од четири земји

Америка воведува царини до 3521% на соларни панели од четири земји

998

Американското Министерство за трговија најави воведување царини до 3521% за увоз на соларни панели од четири земји од Југоисточна Азија – Камбоџа, Тајланд, Малезија и Виетнам. Оваа одлука следува по истрагата започната минатата година, кога некои од најголемите производители на соларна опрема побараа од тогашната администрација на претседателот Џо Бајден да ги заштити нивните бизниси во САД.

Предложените царини беа воведени како одговор на обвинувањата дека Кина ги субвенционира производителите и наводно исфрла неправедно евтини производи на американскиот пазар. Одлуката за конечните царини ќе ја донесе американската меѓународна трговска комисија во јуни.

Станува збор за компензаторни и антидампинг давачки кои варираат во зависност од производителот и земјата на потекло на производот. Некои извозници од Камбоџа се соочуваат со највисоки царини, до 3521%, поради, според Министерството за трговија, недостаток на соработка во текот на истрагата.

Спротивно на тоа, соларните панели произведени во Малезија од кинеската Jinko Solar подлежат на меѓу најниските тарифи, нешто повеќе од 41%. Друг кинески производител, Trina Solar, се соочува со царина од 375% за производите што ги произведува во Тајланд.

Двете компании одбија да го коментираат случајот за Би-Би-Си.

ИЗДВОЕНИ