сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Aмерика сепак не се повлекува?

Aмерика сепак не се повлекува?

104
EPA/SHAWN THEW / POOL

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека распоредувањето на американски војници во Полска е одложено, но нагласи дека не е вистина дека американските војници се повлекуваат од Европа.

Венс на брифингот во Белата куќа изјави дека САД сакаат да ја охрабрат Европа да преземе поголема одговорност за својата заедничка одбрана, објави Ројтерс.

„Не зборуваме за повлекување на секој американски војник од Европа. Зборуваме за прераспределба на одредени ресурси на начин што ќе ја максимизира американската безбедност. Не мислам дека тоа е лошо за Европа“, рече тој.

САД моментално го преиспитуваат нивото на своето воено присуство во Европа и долго време се очекуваше да го намалат, по барањето на американскиот претседател Доналд Трамп НАТО да преземе поголема улога во одбраната на Европа, соопшти агенцијата.

Пентагон сè уште не прецизирал како го замислува идното распоредување на трупи на европскиот континент, објави Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ