Амбасадите на САД низ Блискиот Исток рано утринава (по локално време) издадоа безбедносни предупредувања за американските граѓани поради можноста од „непредвидена ескалација“ на конфликтот во регионот.
„Поради тензиите на Блискиот Исток, безбедносната ситуација останува сложена, со можност за непредвидена ескалација“, се наведува во предупредувањата на Стејт департментот на САД.
Иако не беше наведена конкретна закана, на американските граѓани им се советува да покажат зголемена претпазливост и да очекуваат можни откажувања на летови, затворање на воздушниот простор и прекини во патувањата, пренесува „Си-би-ес њуз“.












