EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Хуан Карлос Фереро, веќе малку заборавениот тренер со кого Карлос Алкарас ги постигна сите најголеми успеси во кариерата до крајот на минатата година, го спореди својот поранешен пулен со големата тројка во интервју за „Педрерол“

Кога го прашаа дали најдобриот тенисер во светот еден ден може да го надмине она што го постигнаа големата тројка, Фереро одговори:

– Би сакал тој да го постигне тоа, секогаш верував дека ќе биде можно ако работи напорно. Клучниот период ќе биде кога еден ден неговата мотивација ќе падне. Новак Ѓоковиќ го менаџира тоа генијално во текот на целата своја кариера. На почетокот, ентузијазмот е голем, но подоцна сè зависи од работата и дисциплината – рече шпанскиот стручњак за кого се веруваше дека е незаменлив во тренерскиот штаб на свтскиот рекет број еден, но се покажа спротивното.

Без него, Карлитос го забележа најдобриот почеток на сезоната во својата кариера, освојувајќи ги титулите во Мелбурн и Доха. Тој е сè уште непоразен во 2026 година.
Фереро го спореди Алкараз со неговите познати претходници:

– Класата што ја има, капацитетот да игра сè, е слична на Федерер. Неверојатната цврстина од основната линија е слична на онаа на Новак, како и интелигенцијата со која ги решава своите недостатоци и ја чита играта на противникот. Од Рафа, тој има менталитет, вечно верување дека може да победи, дека мора да се бори до крај.

Секогаш му се восхитувал на Надал за тоа.

Тој кажа дека не се сретнал со Алакрас уште од ноември минатата година.
– Последен пат се видовме во Торино. Разговаравме неколку пати од тогаш. Би сакал да се сретнеме и да се прегрнеме и да ја нормализираме ситуацијата – вели Ферер. – Имам многу понуди за работа, но сè уште не сум подготвен. Ако еден ден Карлос ме покани повторно да работам, не би можел да го одбијам.
Тој уште еднаш објасни зошто соработката е прекината, негирајќи некои претходни гласини.

– Го обновивме договорот на крајот од секоја година. Парите не беа проблем, само не се согласивме како да продолжиме заедно поради приватни причини.
Иако не откри за што точно станува збор, тоа може да се заклучи од неговите следни зборови.

– Јас сум многу строга личност. Престанав да работам со Зверев затоа што не ми се допаѓаше неговиот став кон тренинзите и начинот на кој се однесува кон професионалниот тенис. Карлос секогаш даваше сè од себе на тренинзите, но не ми се допадна кога по триумфот на Ролан Гарос побара една недела забава наместо веднаш да оди во Лондон и да се подготви за Вимблдон.

ИЗДВОЕНИ