вторник, септември 15, 2026
Дома СВЕТ Аларм во Вилнус: Авион на НАТО собори дрон над Литванија.

Аларм во Вилнус: Авион на НАТО собори дрон над Литванија.

1
EPA/DARYNA NAUMOVA

Борбен авион на НАТО собори беспилотно летало во Литванија веднаш по полноќ во вторникот, соопшти Литванскиот национален центар за управување со кризи. Беспилотното летало, кое најверојатно навлегло од Белорусија, било соборено во близина на селото Праткунаи во јужна Литванија, близу Каунас, вториот по големина град, изјави портпаролот на центарот.

Тој истакна дека допрва треба да се утврди кој бил сопственик на беспилотното летало. Нешто порано било издадено предупредување исто така поради појава на дрон во главниот град Вилњус и околниот регион.

Ловците од мисијата на НАТО за балтичка воздушна одбрана патролираат на небото над Латвија, Литванија и Естонија откако балтичките земји се приклучија на алијансата во 2004 година.

Авионите од мисијата соборија залутани украински беспилотни летала над Естонија во мај, како и над Латвија во јуни и август. Воените беспилотни летала кои залутаа во воздушниот простор на руските соседи предизвикаа загриженост дека руската војна во Украина се прелева преку границите на НАТО.

Украина ги засили нападите со беспилотни летала со долг дострел врз Русија, вклучително и во областа на Балтичкото Море, а неколку украински воени беспилотни летала залутаа во воздушниот простор на Финска, Латвија, Литванија и Естонија. Украина за инцидентите ја обвини Русија, која со електронско војување влијаела врз патеките на движење на дроновите.

ИЗДВОЕНИ