четврток, август 20, 2026
Дома МАГАЗИН Алал ти вера! Гостиварката Тамара Грујеска нема да бега –  веќе освојува...

Алал ти вера! Гостиварката Тамара Грујеска нема да бега –  веќе освојува со новиот хит

1

„Нема да бегам“ е новата песна на атрактивната Тамара Грујеска од Гостивар, со која ја продолжува својата успешна, искрена, естрадна приказна. Со моќниот вокал, модерната продукција и со впечатливиот видеозапис, таа испраќа јасна порака до обожавателите: само со добра песна може да се чекори напред, сè друго, во поглед на маркетиншките трикови, е со краток рок на траење. Најважна е песната со убедливото пеење во живо. Па токму така продолжува Тамара да ја гради својата музичка приказна, освојувајќи ја публиката со своите талент, посветеност и препознатливи преубави сценски настапи. Оваа нова песна со силна емоција во себе е достапна на сите музички платформи и со причина зачестено се емитува на Радио Џи.

Како автор се потпишува, на музиката и на аранжманот, Роберт Билбилов, кој е и музички продуцент, додека текстот е дело на Тања Соколовска.

Песната е, инаку, реализирана во „Џаст ар-би продакшн“, со микс и мастеринг од истиот продукциски тим. За видеоспотот, кој е во режија на Огнен Шапковски, е заслужна „Мелем продукција“. Преку интересните сцени, динамичната приказна и внимателно изработените детали, видеото ја доловува моќната интерпретација на Тамара, со што публиката добива впечатлив спот.

Директор на фотографијата е Кристијан Теодоров, асистент на камера Дуле Јанев, додека мајстор на осветлувањето е Тоше од „Пролајт“. Енергија во видеозаписот внесува и „Денс тим фјужн“ од Куманово, со своите танчари, кои, преку танцот, создаваат целосно магична атмосфера.   (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ