Иран и Оман договорија рамка за повторно отворање на Ормускиот теснец – со важност од 60 дена – чија цел е обновување на поморскиот сообраќај и истовремено започнување технички разговори за трајно решение во тој период, изјави денеска висок функционер запознаен со случајот.
Функционерот, кој сакаше да остане анонимен, изјави за „Ал Арабија“ дека договорот постигнат за повторно отворање на Ормускиот теснец би можел да биде објавен во рок од неколку дена.
Според високиот функционер, договорот постигнат меѓу Техеран и Мускат сè уште бара одобрение од иранскиот Врховен совет за национална безбедност.












