недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ахмети сака да се приклучи на ветераните, најави заминување од лидерската...

Ахмети сака да се приклучи на ветераните, најави заминување од лидерската позиција во ДУИ

15

Претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети, изјави дека во иднина нема да остане на чело на партијата, туку ќе се приклучи кон редовите на ветераните.

На изборното собрание на партискиот огранок во Куманово, Ахмети порача дека ДУИ е една од најорганизираните политички структури во земјата и регионот, нагласувајќи дека во партиското раководство се направени значајни промени со вклучување на нови генерации.

Тој истакна дека основачите на ОНА и ДУИ постепено им го отстапуваат местото на помладите членови, оценувајќи дека обновувањето на раководните структури е важен процес за иднината на партијата.„Н

ашата цел е ДУИ да биде поголема од сите нас и да им дадеме простор на новите генерации“, изјави Ахмети. Тој ги спомена и поранешните функционери кои ќе бидат дел од комитетот на ветераните, меѓу кои и Садула Дураку.

Ахмети порача дека и неговата политичка улога со време ќе се промени.

„Нема да останам засекогаш партиски претседател. И јас сакам да застанам меѓу ветераните и да продолжам да се борам како ветеран“, рече лидерот на ДУИ.

Со оваа изјава Ахмети испрати порака дека партијата се подготвува за нова генерациска промена и идно преструктуирање на раководството.

ИЗДВОЕНИ