недела, ноември 1, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Гувернерот Славески соопшти: Народна банка на Македонија донесе решение за воведување администрација...

Гувернерот Славески соопшти: Народна банка на Македонија донесе решение за воведување администрација во Алта банка а.д. Битола

0
Фото:фб

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески попладнево изјави дека извршниот одбор на Народна банка на седницата денеска донел решение со кое се воведува администрација во Алта банка а.д. Битола. Вели дека ова е од времен карактер.

Додаде дека воведувањето на администрацијата привремено преминува во надлежност на лица на Народната банка. Рече дека во наредните денови ќе има одредени ограничувања за плаќањата. Во текот на една седмица, лимитот на плаќања е 10.000 денари за граѓаните. Славески кажа дека за дефинирање на овој износ до некаде се воделе според износот на просечната плата.

„Овие мерки се воведени со цел да се заштитат имотот и интересите на штедачите“, рече Славески.

Гувернерот додаде дека до вчера околу 2 милиони евра се подигнати од банката. Кажа дека има заинтересирани купувачи за акциите.

Апелира до сите учесници во јавната дебата да се воздржат од изјави кои се хушкачки. Ги повика оние кои имаат кредити да ги подмируваат своите обврски.

Народна банка на Србија вчера ја одзеде дозволата за работа на Алта банка а.д. Белград.

ИЗДВОЕНИ