четврток, октомври 15, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Кромберг и Шуберт“ со нова инвестиција во Битола: Нов погон и 2.000...

„Кромберг и Шуберт“ со нова инвестиција во Битола: Нов погон и 2.000 нови работни места во Жабени!

1

Денеска во Владата беше потпишан договор со германската компанија „Кромберг и Шуберт“ за нова инвестиција во битолската индустриска зона Жабени со која во наредните четири години ќе треба да се отворат нови 2000 работни места. Станува збор за погон во кој што ќе се изработуваат автомобилски компоненти за Ауди.

Премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека станува збор за важна инвестиоција за Битола, а со оглед на тоа дека ќе се имплементира нова технологија со помош на вештачка интелигенција е само потврда дека овде воМакедонија располагаме со квалитетна работна сила.

„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски роекти во Македонија, а заедно со овој проект ќе се дојде до отворени вкупни 10.000 работни места. Наша цел е да бидеме признаена инвестициска дестинација, а потврда за тоа е што од “Кромберг и Шуберт“ најавија за следната година реализација на извоз од 400 милиони евра“, рече Мицкоски.

 

ИЗДВОЕНИ