четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Голем трагедија во училиште во Пакистан: Се урна покрив, загинаа најмалку 27...

Голем трагедија во училиште во Пакистан: Се урна покрив, загинаа најмалку 27 ученици

1
screenshot X

Најмалку 27 ученици и еден наставник загинаа откако се урна покривот на приватно училиште во градот Пешавар, Пакистан, соопштија официјални лица. Десетици луѓе се повредени во трагедијата, изјави портпарол на локална болница, а пренесе „Индипендент“.

Меѓу повеќе од 40-те повредени има 20 деца, според локалниот медиум „Џео њуз“ (Geo News). Причината за уривањето на покривот сè уште не е позната.

Неколку деца останаа заробени во урнатините, изјави портпарол на службите за итни случаи, додавајќи дека се расчистуваат остатоците за да се стигне до нив.

Во јули, во Лахорe се урна покривот на училишна зграда што била во изградба, при што загинаа четворица ученици.

Уривањата на згради се честа појава во Пакистан поради недоволното почитување на градежните стандарди. Многу објекти се градат со материјали со слаб квалитет, а безбедносните прописи често се занемаруваат за да се намалат трошоците.

ИЗДВОЕНИ