понеделник, август 3, 2026
Дома СКОПСКА Надвозникот „Естекада“ добива нов лик

Надвозникот „Естекада“ добива нов лик

Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и со вградување два нови асфалтни слоја. Со нов асфалтен слој ќе биде обновен и самиот надвозник. – Дополнително, се врши замена на рабниците и на капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува – информираше скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри

0
default

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, најави дека целосно се реконструира надвозникот „Естакада“, важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје. Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, со гребење на постојниот асфалт и со вградување два нови асфалтни слоја. Со нов асфалтен слој ќе биде обновен и самиот надвозник.

– Дополнително, се врши замена на рабниците и на капаците на шахтите, се изработуваат нови асфалтни тротоари, а заштитната пешачка ограда ќе се чисти, санира и бојадисува – информираше Ѓорѓиевски.

Вкупната должина на коловозот што се реконструира изнесува 1,5 километри.

Според Ѓорѓиевски, ова е вложување во безбедноста, подобрата поврзаност и во поквалитетното секојдневие на илјадници наши сограѓани.

Скопскиот градоначалник наведе дека надвозникот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани, кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел од Скопје.

– Тука секојдневно минуваат работници, ученици, семејства, компании и товарен транспорт. Затоа наша обврска е да биде безбедна, функционална и достоинствена оваа сообраќајна врска – дециден е Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека Скопје заслужува модерна, безбедна и функционална инфраструктура.

Притоа, истакна дека ќе се продолжи со санација и реконструкција на сите мостови во градот каде што е потребно.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ