Во последното деноноќие во Гостивар се пријавиле 71 новозаболени од кои според здравствените власти веќе мал дел се заразени од градскиот водовод.
„Сметаме дека настанува смирување на состојбата со епидемијата, до формален крај би дошле кога веќе нема да има случаи поврзани со градскиот водовод, според направените епидемиолошките анкети. Ваквото подобрување е поради очистување на водата и оспособување како техничка. До крајот на неделата се очекува водата да се користи и за пиење, односно кога сите чешми ќе бидат негативни, тогаш ќе се доволи за пиење и готвење“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. (П.А.)












