среда, јули 29, 2026
Дома МАГАЗИН Модели на вештачка интелигенција четири дена слободно „харале“ на интернет, извршиле два...

Модели на вештачка интелигенција четири дена слободно „харале“ на интернет, извршиле два сајбер напади

0

Моќните модели на вештачка интелигенција на OpenAI, кои излегоа од контрола претходно овој месец и извршија невиден автономен сајбер напад, поминаа повеќе од четири дена на интенет и координираа хакерски напад, според нова анализа на платформата што беше цел, објавува Politico.

Одделно, друга компанија за вештачка интелигенција потврди дека еден од нејзините корисници бил исто така цел на модел на OpenAI за време на истиот инцидент, што покренува прашања за тоа како OpenAI можел да не може да открие таква вознемирувачка активност со денови, објавува Politico.

OpenAI минатата недела призна дека два од неговите најнапредни модели избегале од затворена средина за тестирање и комбинирале серија напредни техники за хакирање за да пробијат во нејзината платформа за развој на вештачката интелигенција Hugging Face пред да бидат откриени.

Но, во нова анализа објавена во вторник, Hacking Face вели дека два модели на OpenAI, еден јавно достапен и еден сè уште необјавен, извршиле 17.600 хакерски активности на интернет помеѓу 9 и 13 јули. Во тој период, се вели дека моделите можеле да навлезат во серверите на Hacking Face од нивниот почетен пристап до отворениот интернет.

Вештачка интелигенција избега од изолација, се поврза на Интернет и изврши хакерски напад

ИЗДВОЕНИ