Санкт Петербург е цел на масовен напад со беспилотни летала, објави денес гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов.
„Утрото на 6 јуни, Санкт Петербург беше подложен на голем напад од беспилотни воени возила. Системите за воздушна одбрана се оперативни“, напиша Беглов на платформата Max, пренесува „РИА Новости“.
Беглов ги повика жителите да останат дома и да избегнуваат излегување надвор, додавајќи дека се можни прекини на мобилниот интернет.
Аеродромот Пулково е затворен за слетувања и полетувања, пренесува РИА.
Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, објави дека се уништени 86 беспилотни летала.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека вкупно 376 беспилотни летала биле соборени преку ноќ над руските региони, Црното Море, Азовското Море и Абхазија, пренесе „Танјуг“.












