Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осудува постапката на вработена во болницата „8-ми Септември“, која го попречила новинарскиот тим на Клан телевизија при извршување на нивната работа. Ваквите обиди за ограничување на слободата на информирање претставуваат директен напад врз медиумските слободи и правото на јавноста да биде информирана за прашања од висок јавен интерес.
Потсетуваме дека со последните измени на Кривичниот законик, нападите и попречувањата на работата на новинарите ќе се третираат како напад врз службено лице и соодветно ќе се санкционираат. Секој обид за заплашување, попречување или цензура на медиумските работници е неприфатлив и бара итна реакција од надлежните институции, велат од ЗНМ.
Темата за проблемите на пациентите на дијализа и нивниот пристап до здравствени услуги е од големо значење за граѓаните на земјава и бара целосна транспарентност од институциите. Наместо да се спречува медиумското известување, здравствените власти треба да обезбедат отвореност и одговорност пред јавноста, особено кога станува збор за прашања што директно го засегаат животот и здравјето на луѓето.
Од ЗНМ ги повикаа надлежните институции да ја истражат оваа ситуација и да преземат соодветни мерки за заштита на новинарите при извршување на нивните професионални задачи. Истовремено, апелираат до сите јавни функционери и вработени во институциите да ги почитуваат демократските принципи и да соработуваат со медиумите во интерес на вистината и транспарентноста.
Слободата на медиумите е еден од темелите на демократското општество, а секој обид за нејзино ограничување е закана за правото на граѓаните да бидат информирани, велат од ЗНМ.
ИЗДВОЕНИ

Како ќе растат платите во Европа во 2026 година? Земјата што го има најголемиот скок оваа ќе остане на врвот следната година

Сè уште нема инспектори во Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик; Дали дури во 2027 ќе почне да се казнува?

Поскапата струја ќе ги зголеми цените на другите производи?!

„Усје“ под лупа, можна дислокација!?








