четврток, август 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Жештините во Македонија не се повлекуваат: Освежување од дождови во попладнињата

Жештините во Македонија не се повлекуваат: Освежување од дождови во попладнињата

4

Територијата на Македонија останува да биде под влијание на многу топлиот бран од југ, односно од Африка. Времето останува многу топло и сончево со појава на умерена локална облачност. Сепак, во попладневните часови ќе има услови за поретка појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје и околината времето останува многу топло и сончево, со појава на умерена локална облачност. Во попладневните часови има помали услови за ретка појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ноќите остануваат исто така топли и тропски во повеќето градови во Македонија, тоа значи дека температурите ниту во текот на ноќта нема да се спуштаат под 20 степени.

Максималните температури пак речиси насекаде во Македонија ќе бидат над 32 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели од Македонија тие ќе се искачат до околу 40 степени.

Во Скопје и околината исто така во ноќните часови температурата ќе биде околу 20 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 36/37 степени.

Поради многу топлото време и многу високите температури на воздухот, апелирам без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) но да се пие и повеќе течности.

ИЗДВОЕНИ