четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Земјите од Персискиот Залив бараат итна дебата во ОН за иранските напади

Земјите од Персискиот Залив бараат итна дебата во ОН за иранските напади

72

Земјите од Персискиот Залив бараат итна дебата во Советот за човекови права на Обединетите нации во врска со нападите на Иран врз цивилите и врз енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, покажуваат дипломатските документи, наведува „Ројтерс“.

Во дипломатска нота што ја видела агенцијата, нападите со балистички ракети и со беспилотни летала врз Бахреин, Јордан, Кувајт, Оман, Катар, Саудиска Арабија и врз Обединетите Арапски Емирати се опишани како „ситуација за сериозна загриженост за меѓународниот мир и безбедност“, со сериозни импликации врз човековите права.

Земјите од Персискиот Залив велат дека непровоцираните напади, и покрај тоа што го уверуваат Техеран дека нема да се користат нивните територии за антиирански активности, бараат итно внимание.

ИЗДВОЕНИ