Претседателот на Украина Володимир Зеленски предложи вечерва директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната, соопшти украинското претседателство.
Зеленски го обвини својот руски колега дека речиси половината од своите 26 години на власт ги посветил на водење војна против Украина и додаде дека судирот на Путин е „личен избор“.
Зеленски изјави дека Киев не сака „трајна војна“ и предложи отворање на директни преговори меѓу двајцата шефови на држави во трета земја, наведувајќи ги Швајцарија, Турција или арапските земји како можни домаќини.
Украинскиот претседател предложи целосен прекин на огнот за време на преговорите, како и размена на сите воени заробеници. Тој смета дека Европа и Соединетите Американски дрќави би требало да учествуваат во процесот како гаранти за безбедност.
„Доволно беше војна. Украина предлага завршување на оваа војна чесно, достоинствено и со гаранции дека нема повторно да се разгори“, наведе украинскиот претседател, пренесе „Бета“.












