понеделник, јуни 22, 2026
Дома СВЕТ Зеленски пред руската парада: Го прекршија примирјето, ќе одговориме со иста мера

Зеленски пред руската парада: Го прекршија примирјето, ќе одговориме со иста мера

43
EPA/CHEMA MOYA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија го прекршила прекинот на огнот што го воведе Киев почнувајќи од полноќ синоќа, додавајќи дека Украина ќе одговори со иста мера. Зеленски ја обвини Русија дека го игнорира договорот од самиот почеток и продолжува со нападите, пишува „Украинска правда“.

Зеленски рече дека по претходните напади врз градови како што се Днепар, Запорожје и Краматорск, руските сили продолжиле интензивно да дејствуваат во текот на целиот ден. Според него, само во текот на денот се регистрирани речиси 30 напади, додека повеќе од 20 воздушни напади со над 70 воздушни бомби се извршени во текот на ноќта и утрото.

Зеленски објави дека до 10 часот наутро, руските сили извршиле 1.820 прекршувања на прекинот на огнот, вклучувајќи бомбардирања, обиди за напади, воздушни напади и употреба на беспилотни летала. Украина ќе возврати, „земајќи ги предвид постојаните руски повици преку медиумите и социјалните мрежи за прекин на огнот за време на парадата во Москва“, рече претседателот, осврнувајќи се на прославите на Денот на победата на 9 мај.

„За секој разумен човек е очигледно дека тотална војна и секојдневни убиства на луѓе не се време за јавни „прослави“. Од денес можеме да потврдиме дека руската страна го прекршила режимот на прекин на огнот“, заклучи Зеленски.

Завчера Зеленски објави воведување на прекин на огнот што требаше да започне синоќа на полноќ, но Русија официјално не одговори на тоа. Претходно истиот ден, руското Министерство за одбрана еднострано прогласи „примирје“ за 8 и 9 мај и предупреди дека доколку парадата за Денот на победата во Москва на 9 мај биде „нарушена“, ќе започне масовен ракетен напад врз центарот на Киев, потсетуваат медиумите.

ИЗДВОЕНИ