Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да потпише мировен договор со Русија во Соединетите Американски Држави, или во Овалната соба или во имотот Мар-а-Лаго, резиденцијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој ја даде изјавата во интервју со Лаура Лумер, американска десничарска блогерка и близок соработник на Трамп, пишува „Украинска правда“.
Laura Loomer: Would you be willing to sign the peace deal with Russia in the Oval Office?
Zelensky: Yes, I am ready. I am ready to come to the Oval Office or Mar-a-Lago for the peace deal. It depends on Trump.
Source: @LauraLoomer pic.twitter.com/7ysDmFCGzP
— Clash Report (@clashreport) July 24, 2026
Кога Лаура Лумер директно го праша дали е подготвен да потпише мировен договор во Овалната соба, Зеленски одговори потврдно. „Да, подготвен сум. Секогаш му велев на претседателот Трамп дека сум подготвен да дојдам во Соединетите Американски Држави, во Овалната соба или во Мар-а-Лаго. Зависи од претседателот Трамп“, рече тој, пренесе украински „Интерфакс“.
Претседателот потоа додаде дека клучот за мировен договор не е локацијата на потпишувањето, туку моментот кога тоа ќе се случи.
За време на разговорот, Зеленски, исто така, рече дека Трамп разбира оти Русија не е заинтересирана за прекин на војната. Тој истакна дека пресвртницата во неговиот однос со Трамп била кратката лична средба во Ватикан. Таа средба се одржала во базиликата „Свети Петар“ во Рим во април 2025 година.












