Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, е советуван да не присуствува на погребот на својот татко, покојниот ајатолах Али Хамнеи, објави денес CNN, повикувајќи се на неименувани извори од Блискиот Исток.
Се наведува дека ајатолахот Моџтаба е советуван од страна на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) да не присуствува на ниту еден од настаните на церемонијата. Изворот рече дека „членови на домаќинството на ајатолахот“ ќе бидат присутни за време на погребот.
Али Хамнеи беше убиен во нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што неговиот син Моџтаба ја презеде неговата позиција, но оттогаш не е виден во јавноста, наводно поради сериозни повреди што ги здобил во нападот.












