четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Загинати се сите шест члена на екипажот на американскиот авион за полнење...

Загинати се сите шест члена на екипажот на американскиот авион за полнење гориво што се урна во западен Ирак

106

Сите шест члена на екипажот на американскиот авион за полнење гориво што се урна во западен Ирак загинаа, потврди денес Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток.

Како што објави „Ен-би-си-њуз“, „Центком“ изјави дека околностите на инцидентот сè уште се истражуваат, но дека губењето на авионот не е поради непријателски или пријателски оган.

„Идентитетите на членовите на екипажот нема да бидат објавени до 24 часа откако ќе бидат известени најблиските роднини“, се наведува во соопштението објавено на платформата „Икс“.

Претходно, „ЦЕНКОМ“ објави дека четири члена на екипажот загинале кога KC-135 се урна, додека потрагата по преостанатите двајца члена на екипажот е во тек.

Минатата недела, американската војска идентификуваше шест војници убиени во ирански напад со беспилотно летало врз американската база во Кувајт на 1 март.

Тоа се мајор Џефри О’Брајан, главен наредник Роберт Марзано, капетан Коди Хорк, наредник прва класа Никол Амор, наредник прва класа Ноа Тиетјенс и наредник Деклан Коди.

Сите шест војници беа распоредени во 103-та команда за одржување, резервна единица на американската армија од Ајова.

Тие служеа на Блискиот Исток како дел од 1-та команда за одржување, која го надгледува снабдувањето на американските сили низ целиот Блиски Исток.

ИЗДВОЕНИ