Нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град и суградица попладнево има во повеќе делови од Македонија. Нестабилноста се движи од запад кон исток, а на места временските процеси се поинтензивни и прераснуваат во невреме.
Невреме со засилен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на суградица е регистрирано во Македонски Брод, додека пороен дожд има и во делови од Гостивар. Невреме со пороен дожд и грмежи има и западно од Велес.
Нестабилност со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и појава на град има северно од Кичево, како и западно од Крушево. Пороен дожд, засилен ветер и грмежи се забележани југозападно од Дебар.
Нестабилно е и во Битола, каде има пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Невреме има и во околината на Струмица, како и јужно и источно од Берово, додека нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи е забележана и југозападно од Кичево.
Според прогнозата, нестабилното време ќе продолжи и утре. Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.
Локално процесите повторно ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
До почетокот на следната седмица се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.












