Кошаркарскиот клуб Монако официјално потврди дека следната сезона ќе продолжи да се натпреварува во Третата француска лига. Клубот, кој минатата сезона беше финалист во Евролигата, остана без место на европските натпреварувања поради финансиската нестабилност.
Иако се шпекулираше дека би можел Монако да се пресели во АБА-лигата, договор не е постигнат. Монако нема да игра ниту во Еврокупот, каде што неговото место ќе го заземе Босна. Од клубот најавуваат целосна реконструкција и враќање на врвот од француската и од европската кошарка.
Со поддршка од новиот мнозински сопственик, властите на Кнежевството, навивачите и партнерите, клубот сака да изгради стабилна основа.
Акцентот ќе биде ставен на младинската академија и на развојот на нови генерации кошаркари.
- Целта е јасна: да се вратиме! – порачаа од Монако.
Така, тимот што до неодамна беше меѓу најдобрите во Европа, сега почнува долг пат назад кон врвот.











