среда, септември 2, 2026
Дома СВЕТ ЗА ПРВПАТ! Германија тестираше израелска балистичка ракета, се разгледуваат понатамошни набавки

ЗА ПРВПАТ! Германија тестираше израелска балистичка ракета, се разгледуваат понатамошни набавки

0

Германскиот Бундесвер во ноќта меѓу вторникот и средата успешно ја тестираше израелската балистичка ракета „ЛОРА“, соопшти германското Министерство за одбрана.

Ракетата ја произведува израелската компанија „Израел Аероспејс Индaстрис“ (IAI), а нејзиниот дострел е до околу 430 километри. Тестирањето било изведено во северниот дел на Атлантскиот Океан.

Доколку Берлин одлучи да го набави овој систем, LORA би станала првата балистичка ракета во вооружувањето на германските вооружени сили, јавуваат медиумите.

Инспекторот на германската морнарица, вицеадмиралот Јан Кристијан Как, го оцени тестот како успешен и рече дека, од перспектива на заштитата на Германија и нејзините сојузници, тој претставува „ново поглавје“ во областа на одвраќањето и борбената готовност.

ИЗДВОЕНИ