среда, септември 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА По пеколните денови и долгата суша – спас од небото! Дождот конечно...

По пеколните денови и долгата суша – спас од небото! Дождот конечно го освежи Скопје

0

Нестабилно време вечерва го зафати Скопје, со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Врнежите на повеќе места се поинтензивни, а временските услови повремено се проследени и со силни удари на ветер и грмотевици.

Дождот доаѓа по долг период на сушно и топло време, поради што е добредојден, особено за земјоделските површини и зеленилото. Врнежите ќе придонесат и за освежување на воздухот и намалување на високите температури.

Граѓаните се советуваат на внимателно движење во сообраќајот поради влажните коловози и намалената видливост.

Според прогнозата, нестабилното време ќе продолжи и утре. Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Локално процесите повторно ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

До почетокот на следната седмица се очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

ВРЕМЕТО НАГЛО СЕ МЕНУВА: Невреме попладнево во делови од државава, а утре повторно опасна нестабилност

ИЗДВОЕНИ