понеделник, септември 21, 2026
Дома БАЛКАН Во Србија регистрирани првите два случаи на западнонилска треска

Во Србија регистрирани првите два случаи на западнонилска треска

185

Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ соопшти дека во земјата се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска оваа година.

Според Институтот, заболените се жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград поради развој на невроинвазивна форма на болеста.

„Батут“ препорачува употреба на репеленти при престој на отворено, носење светла облека со долги ракави и ногавици, избегнување престој на отворено во самрак и зори, кога комарците се најактивни, како и користење заштитни мрежи и престој во климатизирани простории.

Институтот советува и редовно отстранување на застоена вода од саксии, кофи, буриња, конзерви и други садови, како и отстранување стари гуми и предмети во кои може да се собира вода, со цел да се намали бројот на места погодни за размножување на комарците.

При патување во тропски и суптропски подрачја, здравствените власти препорачуваат доследно спроведување на превентивните мерки и итно јавување кај лекар доколку се појават симптоми што упатуваат на невроинвазивна форма на болеста.

ИЗДВОЕНИ