понеделник, јули 6, 2026
Дома БАЛКАН Во пресрет на дводневниот самит на Алијансата во Анкара: Во Турција се...

Во пресрет на дводневниот самит на Алијансата во Анкара: Во Турција се приведени повеќе од 100 анти-НАТО демонстранти

0
Фото: EPA/TOLGA BOZOGLU

Турските власти приведоа повеќе од 100 лица кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите организирани од Комунистичката партија на Турција (ТКП) вчера, пред самитот на лидерите на НАТО закажан за 7-8 јули во Анкара, објави ТКП, пренесува „Бета“.

Турција ќе биде домаќин на лидерите на 32 сојузници на НАТО во Анкара во вторник и среда, како и на претставници од земјите-партнери, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница.

Властите ги заострија безбедносните мерки низ Анкара во пресрет на самитот, забранувајќи демонстрации, поставувајќи барикади и затворајќи патишта во многу делови од градот.

ТКП соопшти дека ги организирала демонстрациите во центарот на Анкара, додавајќи дека повеќе од 100 членови на партијата, вклучувајќи и претставници, се приведени.

Фотографиите на социјалните мрежи покажаа како демонстрантите мавтаат со знамиња и извикуваат слогани како „НАТО, убиецу, излези од земјата“, додека полицијата за немири употреби солзавец за да ја растера толпата.

Стотици луѓе маршираа на уште една демонстрација на ТКП во Истанбул, а во градот се одржаа и два други собири организирани од левичарски групи. И покрај силното присуство на полицијата, во Истанбул не беа пријавени судири.

ИЗДВОЕНИ