четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ почина турски државјанин неколку часа откако бил...

Во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ почина турски државјанин неколку часа откако бил донесен со тешки телесни повреди

37

На 23 септември 2025 година околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив со приватно возило бил донесен маж со тешки телесни повреди. Станува збор за 61-годишниот М.А.О. од Република Турција.

Според информациите, лицето кое го донело повредениот веднаш го напуштило местото со возилото. И покрај укажаната лекарска помош, околу 19:30 часот мажот починал, а лекарите констатирале смрт.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ИЗДВОЕНИ