четврток, јуни 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Кочани се одржа 42-иот „Марш на ангелите“: Повик за правда и...

Во Кочани се одржа 42-иот „Марш на ангелите“: Повик за правда и сеќавање на 63-те жртви во трагичниот пожар

88
Фото:принтскрин, видео ТВ М-Нет-ХД

Денеска на 9-ти мај, Денот на Европа, по 42-пат во Кочани се одржа „Маршот на ангелите“, како повик за правда и сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“. Маршот започна во 17:05 часот, од „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.

Организаторите го поврзаа маршот со 9 Мај — Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, датум што го претставуваат како симбол на победа над темнината, неправдата и системите што го газат човечкиот живот.

Во нивниот повик наведоа дека за семејствата на загинатите овој датум не е само историски ден, туку уште еден ден во кој 63 семејства живеат со тишина, болка и барање за одговорност.

Присутните на маршот истакнаа дека денес кога Европа слави мир, демократија, солидарност и човечко достоинство, тие се исправени пред сурова и понижувачка контрадикторност. Тие порачаа дека ниту една функција или партиска припадност не смее да биде поважна од човечкиот живот.

ИЗДВОЕНИ