Локалните власти и ЈКП „Бошава“ од Демир Капија воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод. Одлуката е донесена откако лабораториските анализи на примероците земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале меѓусебно спротивставени резултати.
Според информациите од комуналното претпријатие, добиените резултати од двете различни институции создале несигурност за квалитетот на водата.
– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил.












