– Ја пречекуваме третата година како тројца. Уште 103 години вака, па потоа ќе правиме муабет – вака вели познатиот поп-пејач Виктор Апостоловски, кој по повод годишнината од бракот објави емотивна содржина, која допре до многу срца. Виктор е во брак со сопругата Милена, со која го има синот Адам. Оваа брачна двојка им е позната на сите битолчани како насмеана, никогаш намуртена. Секогаш кога имаат слободно време, тие се во природата, на прошетка со синот.
Виктор и Милена станаа родители на 2 декември 2025 година, кога дојде на свет синот Адам. Оттогаш пејачот често споделува моменти од семејниот живот и со задоволство истакнува дека ужива во улогата на татко.
Нивната искрена љубов беше крунисана со брак пред три години, а денес нивното семејство е збогатено со уште еден член, наследникот Адам. Пејачот неодамна сними нова песна, која му ја посвети на своето сакано синче. (Д. М.)












