сабота, јуни 6, 2026
Дома СВЕТ Венецуела се подготвува за вонредна состојба во случај на американски напад

Венецуела се подготвува за вонредна состојба во случај на американски напад

70

Венецуелската потпретседателка Делси Родригез предупреди дека земјата би можела да прогласи вонредна состојба доколку има американски воен напад, нагласувајќи ги „катастрофалните“ последици што би можел да ги има таков напад.

Во последните недели, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го зголеми притисокот врз Венецуела, распоредувајќи поморски сили во Карипското Море и извршувајќи воздушни напади врз венецуелски бродови, во кои загинаа најмалку 17 лица, објавува „Гардијан“.

САД велат дека нападите се дел од поширока офанзива против латиноамериканските нарко-картели кои шверцуваат кокаин и фентанил во САД.

ИЗДВОЕНИ