понеделник, јуни 22, 2026
Дома БАЛКАН Ужас во Истра: Тело на делфин со прострелна рана пронајдено на брегот...

Ужас во Истра: Тело на делфин со прострелна рана пронајдено на брегот на Умаг

98

Поради сомнение за сторено кривично дело, полицијата ќе поднесе кривична пријава против непознатиот сторител до надлежното државно обвинителство.

Полицијата во Умаг вчера околу 8 часот наутро добила пријава дека на брегот на морето во Башанија, населба во градот Умаг, е пронајден труп на делфин во распадната состојба.

Утврдено е дека телото на делфинот има видливи повреди што личат на прострелна рана предизвикана од употреба на огнено оружје, а полицијата за инцидентот го известила надлежното Министерство за заштита на животната средина и зелена транзиција, кое презело понатамошна грижа за животното.

Врз пронајдениот труп на делфинот ќе се изврши вештачење на повредите и утврдување на точната причина за смртта во Институтот за ветеринарна патологија, а поради сомнение дека е сторено кривично дело убивање и мачење животни, полицијата ќе поднесе кривична пријава против непознатиот сторител до надлежното државно обвинителство.

ИЗДВОЕНИ