понеделник, ноември 23, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Утре сонце, од среда дожд, за викендот ни пристигнува и снегот: Следува...

Утре сонце, од среда дожд, за викендот ни пристигнува и снегот: Следува голема промена на времето!

0

Утре во Македонија нè очекува сончево и постудено време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, а наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен ветерот од северозападен правец.

Во Скопје ќе преовладува сончево и постудено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Промена на времето се очекува од среда. Утрото ќе биде ведро и студено, со негативни утрински температури, додека во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува. Од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните делови од земјата, каде што се очекува да наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен.

Дополнително заладување се очекува во деновите од викендот, кога врнежите, поради спуштањето на температурите, ќе преминуваат во дожд и снег.

ИЗДВОЕНИ