На новата улица „Воин Драшкоци“ се поставува целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Од Општина Ѓорче Петров информираат дека дополнително, на две локации ќе бидат поставени и успорувачи на брзината.
-Станува збор за Зона 30, каде максималната дозволена брзина е 30 километри на час. Секое непрописно возење што ги загрозува останатите учесници во сообраќајот ќе биде санкционирано од надлежните органи – потенцираат од локалната самоуправа.
Општинските власту предупредуваат: „Возете одговорно! Да ги чуваме децата, пешаците и сите со кои ги делиме улиците. Безбедно Ѓорче е наша заедничка одговорност“.












