сабота, јули 18, 2026
Дома МАГАЗИН Урсула фон дер Лајен одби да присуствува на финалето на Светското првенство

Урсула фон дер Лајен одби да присуствува на финалето на Светското првенство

102

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, одби покана да присуствува на финалето на Светското првенство, кое ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси во недела.

Портпаролката на Европската комисија, Паула Пињо, изјави за „Политико“ дека фон дер Лајен е поканета на финалето, но нема да присуствува на натпреварот поради претходни обврски.

„Претседателката на ЕК е поканета на финалето на Светското првенство, но нема да присуствува поради нејзиниот распоред“, рече Пињо.

Во финалето ќе се соочат Аргентина и Шпанија, а се очекува победничкиот трофеј да го додели американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе присуствува на натпреварот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез и шпанскиот крал Фелипе Шести исто така го најавија своето присуство на финалето, додека аргентинскиот претседател Хавиер Миел, и покрај блискиот однос со Трамп, исто така не се очекува да биде на трибините, според извештаите на медиумите.

ИЗДВОЕНИ