вторник, октомври 6, 2026
Дома СВЕТ Уапсен поранешниот шеф на германската разузнавачка служба: Осомничен е за шпионажа и...

Уапсен поранешниот шеф на германската разузнавачка служба: Осомничен е за шпионажа и велепредавство

30

Август Ханинг, поранешниот шеф на германската разузнавачка служба за странство, е приведен под сомнение за шпионажа, велепредавство и прибавување доверливи информации за странска сила, објави во вторникот весникот „Билд“.

Во извештајот се наведува дека обвинителите го товарат Ханинг – чиј мандат заврши во 2005 година – за купување тајни информации од поранешен вработен во разузнавачката служба за странство (БНД) и за намера да ги препродаде како дел од своите консултантски активности.

БНД и германското Сојузно обвинителство не одговорија веднаш на барањата за коментар од агенцијата „Ројтерс“.

Истрагата е покрената по откривањето на наводно протекување разузнавачки извештаи наменети за Канцеларијата на канцеларот, според пишувањата на „Билд“.

ИЗДВОЕНИ