недела, јули 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уапсен е: 24-годишник од Петровец ја фатил мајка си преку прозорецот на...

Уапсен е: 24-годишник од Петровец ја фатил мајка си преку прозорецот на автомобилот и ја влечел 20 метри

39

Насилник ја влечел мајка си дваесетина метри со возило, при што жената е повредена.

Полицијата го уапси насилникот.

„На 25.7.2026 година во 20:30 часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село.

Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.

Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош“, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ