четврток, јули 30, 2026
Дома БАЛКАН Туристички бран ги преплави границите: Колони од Хоргош до Евзони!

Туристички бран ги преплави границите: Колони од Хоргош до Евзони!

0

Почетокот на туристичкиот шпиц донесе големи гужви на граничните премини во регионот, а најголем притисок е забележан на влезовите и излезите од Србија, како и на патот кон Грција преку Македонија.

Според српскиот Авто-мото сојуз (AMSS), зголемен интензитет на сообраќај е регистриран на граничните премини Хоргош со Унгарија, Батровци со Хрватска, како и на Градина и Прешево, каде се формираат долги колони во двата правци. Најголем дел од возачите се туристи кои патуваат кон летните дестинации или се враќаат од одмор.

Засилен сообраќај има и на граничниот премин Евзони меѓу Македонија и Грција, кој традиционално е една од најфреквентните точки во летната сезона. Поради големиот број возила, повремено се создаваат подолги задржувања, па на патниците им се препорачува пред поаѓање да ја проверат состојбата на граничните премини.

Надлежните апелираат возачите да бидат внимателни, да ја приспособат брзината на условите на патот и да ја почитуваат привремената сообраќајна сигнализација, особено на делниците каде што се изведуваат градежни работи. Се очекува интензитетот на сообраќајот да остане висок во текот на наредните денови поради летната смена на туристите.

ИЗДВОЕНИ