четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Трамп: САД ги полни воените бродови со „најдобро оружје“ ако не се...

Трамп: САД ги полни воените бродови со „најдобро оружје“ ако не се постигне договор со Иран

430
EPA YURI GRIPAS / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата земја ги полни воените бродови со „најдоброто оружје досега произведено“ додека американска делегација се упати кон Пакистан на разговори со Иран, предупредувајќи дека може да се употреби сила доколку не се постигне договор.

– Во тек е ресетирање. Ги полниме бродовите со најдобра муниција, најдоброто оружје досега произведено“, рече Трамп во интервју за „Њујорк пост“, додавајќи дека оружјето е „дури и подобро од она што го користевме претходно“. „И ако не склучиме договор, ќе го употребиме, и тоа многу ефикасно“, рече тој.

На прашањето дали мисли дека разговорите ќе бидат успешни, Трамп рече: „Ќе знаеме за околу 24 часа. Наскоро ќе знаеме“.

Коментарите на Трамп дојдоа неколку часа откако американскиот потпретседател Џ.Д. Венс изјави дека Вашингтон ќе се сретне со иранската страна „со раширени раце“ и очекува разговорите да бидат „позитивни“, додека тој го напушташе Вашингтон за Пакистан.

На Венс му се придружија специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, кои беа вклучени во претходните рунди индиректни разговори со ирански претставници пред САД и Израел да започнат заеднички напади врз Иран на 28 февруари.

ИЗДВОЕНИ