Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа „Truth Social“ видео генерирано од вештачка интелигенција (ВИ) на кое трча по тигар и си игра со него. Објаватаследи по низа објави, неколку часа откако сподели автентична снимка од смртоносен напад на тигар врз маж кој влегол во просторот во кој се наоѓала животното во парк за диви животни на северот на Англија.
Видеото објавено на „Truth Social“ непосредно пред полноќ е генерирано од вештачка интелигенција и, се чини, претставува пародија на снимката од нападот на тигарот во Велика Британија. За разлика од вистинскиот настан, на снимката Трамп ја брка големата мачка, а потоа разиграно се бори со неа.
ВИ видеото завршува со сцена во која Трамп го прегрнува тигарот, додека во позадина се слуша песна „The Lion Sleeps Tonight“.
Во следната објава Трамп сподели уште едно видео во кое се споредува со лав. На снимката лавот се бори со хиени, додека нараторот зборува дека станува збор за „кралот на џунглата“.
Видеото прикажува исечоци од говорите на Трамп, кои се менуваат со снимки од демократски политичари, вклучувајќи го поранешниот претседател Барак Обама, поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом.
Додека кадровите се менуваат, нараторот зборува за „шакали, хиени… кои лаат по него и му се потсмеваат“.
Видеото завршува со зборовите на нараторот: „Од време на време лавот мора да им покаже на шакалите кој е главен.“
Трамп објави уште низа снимки. Меѓу нив е и видео во кое нараторот зборува дека Трамп, наводно, е од Бога избран да биде „чувар“ на светот, додека неговите противници ги нарекува „отровници“ и „волци“.
Трамп видеото со тигарот, генерирано од вештачка интелигенција и објавено без опис, го сподели неколку часа откако на „Truth Social“ ја објави оригиналната снимка од смртоносниот напад во паркот „Yorkshire Wildlife Park“, во близина на Донкастер во Англија.
Покрај снимката напиша: „Никогаш не си играјте со природата! Претседател DJT.“
Потоа сподели и компилација од снимки на напади од животни врз луѓе, иако се чинеше дека дел од прикажаната содржина исто така била генерирана од вештачка интелигенција.
Трамп овие објави ги сподели за време на посетата на Алјаска, каде што одржа говор на претседаборен собир во Васила, околу 64 километри северно од Анкориџ.
🚨BREAKING: Man attacked by tiger at Yorkshire Wildlife Park after entering enclosure.
• Yorkshire Wildlife Park in Doncaster has confirmed a “serious incident” at its tiger enclosure on Saturday afternoon.
• Yorkshire Ambulance Service was called at 1.33pm, dispatching two…
— The Mercian (@TheMercianNews) October 10, 2026
Видеото во кое Трамп трча по тигар е најновиот пример за неговото објавување слики и снимки генерирани од вештачка интелигенција на социјалната мрежа „Truth Social“, од кои некои предизвикаа големи контроверзи.
Најголема полемика изби во април, кога Трамп објави ВИ фотографија на која е прикажан како Исус Христос, во средината на јавен судир со папата Лав XIV. Објавата предизвика негативни реакции од различни групи, вклучувајќи и некои истакнати републиканци, по што Трамп ја избриша.
Trump actually posted this AI video of him with a tiger in the middle of the night. This man is demented and mentally unwell. pic.twitter.com/LdVgdCw5xh
— Harry Sisson (@harryjsisson) October 14, 2026
Кон крајот на јули Трамп објави низа содржини генерирани од вештачка интелигенција, вклучувајќи закани кон Иран и неговите нафтени терминали на октокот Харг, слика на која позира со Џон Ф. Кенеди и снимка на која е прикажан како „го спасува“ Џорџ Вашингтон.
Неколку недели порано американскиот претседател сподели и 90-секундно AI видео во кое се појавува како лекар кој дијагностицира таканаречен „синдром на пореметување поради Трамп“ кај познати личности кои го критикуваат.
Во тоа видео беа користени лажни прикази на Вупи Голдберг и Рози О’Донел, како и на актерите Роберт Де Ниро, Џули Робертс, Едвард Нортон и Џон Легузамо.












