Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека Иран губи 500 милиони долари дневно поради американската блокада на Ормускиот теснец, истакнувајќи дека блокадата нема да престане се додека Вашингтон и Техеран не постигнат договор.
Во објавата на својата социјална мрежа „Трут соушал“ Трамп истакна дека, ако се читаат извештаите на медиумите за војната, се добива впечаток дека Соединетите Американски Држави губат“, додека, според него, ситуацијата е спротивна.
„Немаат повеќе противракетна ниту противавионска опрема. Повеќето лидери исто така ги нема што е, покрај се, и промена на режимот. Најважното од се, е дека блокадата нема да попушти додека не постигнеме договор, напиша американскиот претседател. Според Трамп, медиумите што ги наброја „навиваат Иран да победи“.
„Тоа нема да се случи, затоа што јас сум главен. Како што овие непатриоти ги користеа последните сили да се борат со мене за време на изборите, сега го прават тоа во ситуацијата со Иран. Резултатот ќе биде ист, а веќе и е“, рече Трамп.
ИЗДВОЕНИ

Водата во Гостивар била многу загадена со колиформни бактерии

Нови цени на горивата од полноќ: Бензините поскапуваат за три, дизелот за шест денари

Забележано е почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен, информираат од МЗ

НАЈДОБРИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ШТО ОДНОВО ДОНЕСОА ГРСТ МЕДАЛИ ОД ПРЕСТИЖНИТЕ НАТПРЕВАРИ, ПРЕД ДИЛЕМИ: Странските универзитети во трка за најталентираните ученици, Македонија мора да најде начин да им покаже колку смета на нив








