Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа.
За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблеми кои бараат итна реакција од властите.
– Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е енергетиката – изјави американскиот претседател, повикувајќи ги европските влади да ја затегнат својата гранична политика.












