сабота, октомври 10, 2026
Дома БАЛКАН Товарен воз излета од шините кај Риека – 11 вагони завршија во...

Товарен воз излета од шините кај Риека – 11 вагони завршија во провалија, нема повредени/видео

3
Фото:принтксрин, фб, Синдикат на машиновозачи на Хрватска

Товарен воз на компанијата „Трансагент“, кој превезувал жито, утрово излета од шините на пристапот кон железничката станица Меја, во близина на Риека; 11 вагони паднаа во провалија, но немаше повредени, соопштија од „ХЖ Инфраструктура“ (HŽ Infrastruktura).

Несреќата се случила во 9:25 часот додека возот се движел кон Риека, пренесува хрватски „Индекс“.

Според достапните информации, непосредно пред излетувањето, машиновозачот го известил диспечерот дека сопирачките откажале и дека не може да го запре возот, пренесе „Танјуг“.

Излетувањето од шините уследило кратко потоа, пишува хрватски „Дневник“.

ИЗДВОЕНИ