За време на овој викенд (Сабота и Недела 9/10 Мај 2026) продолжува променливото и нестабилно време во Македонија но со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На ден Сабота 9 Мај 2026 особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во Скопје и околината исто така во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и со услови за појава на грмежи како и со засилување на ветерот. На ден Сабота 9 Мај 2026 повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува доп температурите тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени а само утрото во Недела на 10 Мај 2026 особено во Беровскиот регион ќе биде малку посвежо со минимална температура која ќе се спушти до околу или малку под 5 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат во пораст па така во Сабота на 9 Мај 2026 тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени а уште повисоки температури преку ден ќе имаме во недела на 10 Мај 2026 кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе се искачи до околу 23 степени во Сабота на 9 Мај 2026 и до околу 26 степени во Недела на 10 Мај 2026.












