четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Том Круз одликуван од американската морнарица за улогата во филмот „Топ ган“

Том Круз одликуван од американската морнарица за улогата во филмот „Топ ган“

131

Американскиот глумец Том Круз ја доби највисоката цивилна награда на американската морнарица за „врвни заслуги во промовирањето на морнарицата“, преку филмот „Топ ган“ и други остварувања, објави „Гласот на Америка“.

Секретарот на морнарицата на САД, Карлос дел Торо му го врачи одличјето на холивудскиот актер. Круз (62) рече дека е „горд на ова исклучителното признание“, коешто вклучува медал и сертификат.

Тој, инаку, деновиве работи на снимање филм во Велика Британија, во студиото „Лонгкрос“ близу Лондон.

ИЗДВОЕНИ