среда, ноември 4, 2026
Дома БАЛКАН Студентите во Албанија ја менуваат стратегијата на протестите

Студентите во Албанија ја менуваат стратегијата на протестите

0
EPA/MALTON DIBRA

Студентите во Албанија најавија промена во стратегијата на своите протести по повеќе од 150 дена демонстрации, наведувајќи дека ќе одржуваат два национални протеста неделно – секоја среда и сабота во 14:00 часот.

Студентското движење соопшти дека првиот протест според новиот распоред ќе се одржи во сабота, на 7 ноември, пред Министерството за образование, пренесува „Еуроњуз Албанија“ (Euronews Albania).

Организаторите истакнуваат дека повеќемесечните протести сè уште не предизвикале никаква реакција од властите во однос на нивното главно барање: оставка на албанскиот премиер Еди Рама.

ИЗДВОЕНИ