вторник, октомври 13, 2026
Дома СВЕТ Страотна железничка несреќа во Пакистан: Воз со 14 вагони излета од шините,...

Страотна железничка несреќа во Пакистан: Воз со 14 вагони излета од шините, има жртви и повредени/ВИДЕО

23

Патнички воз излета од шините рано утринава во централен Пакистан, при што загинаа четири лица, а 30 беа повредени, соопштија полицијата и портпаролот на „Пакистански железници“.

Возот сообраќал од јужниот пристаништен град Карачи кон северозападниот град Пешавар кога излетал од шините во местото Шер Шах, во провинцијата Пенџаб, изјави портпаролот на железницата.

Спасувачките екипи извлекле четири тела и ги евакуирале повредените од 14 вагони на возот, рече тој. Повредените се пренесени во болници.

Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари, и премиерот Шехбаз Шариф изразија сочувство до семејствата. Железничките несреќи се релативно чести во Пакистан, каде што железничкиот систем страда од последиците на повеќедеценискиот недоволен влог, како и од застарените пруги и системи за сигнализација, пренесува АП.

Во 2023 година, десет вагони од патнички воз излетаа од шините во јужен Пакистан, при што загинаа 30 лица, а повеќе од 90 беа повредени.

ИЗДВОЕНИ